Шпагети со сос од шампињони

shpageti1
Потребно ви е: - Печеница чадена на буково дрво Косиљак - Шпагети - Свежи шампињони - Неутрална павлака - Кашкавал - Свеж магдонос - Кромид - Бело вино - Маслиново масло - Зачини (морско оревче, лук во прав, сол и бибер) Припрема на сосот: Во маслиново масло се запржува кромидот се додека не омекне. Се додаваат шампињоните и се пржат заедно со кромидот. Зачинуваме со лук во прав, оригано, сол и бибер. Потоа ја додаваме ситно исецканата печеница, магдоносот и малку бело вино. Откако течноста од виното ќе изврие се додава неутрална павлака, малку рендан кашкавал и зачинуваме со морско оревче. Мешаме се додека смесата не се изедначи. Вака подготвениот сос се нанесува врз претходно сварените шпагети. Вашата вечера е готова!
shpageti2 Bon Appetit!

Тортички од тиквички

tortichki-tikvichki-1 Потребно ви е: - Шунка деликатес Косиљак - Млади тиквички - Мајонез - Павлака - Лук во прав Излупете ги младите тиквички, исецкајте ги на кругови и испохувајте ги. Откако малку ќе се оладат наредете еден ред тиквички и додадете го филот напаревн од мајонез, павлака и лук во прав. Потоа додадете ја ситно изренданата шунка. Повторувајте ја истата постапка се додека не се потошат сите состојки. Доклоку сакате можете да додадете и рендан кашкавал.

tortichki-tikvichki-2

Bon Appetit!

Полнет компир

polnet-kompir-pechenica1

Потребно ви е: - Печеница чадена на буково дрво Косиљак - Компир х2 - Кашкавал (рендан) - Павлака - Млеко - Морков и Марула (за декорација) - Зачини (кари, лук во прав, оригано, чили) Приготвување: Откако компирите убаво ќе се измијат, ќе се избоцкаат со вилушка (за да не испукаат) и ќе се посипат со маслиново масло, се ставаат во претходно загреана рерна (200 °C ) и се печат 1 час и 15 мин. Испечените компири ги сечеме на половна и со лажица ја вадиме внатрешноста. Потоа, во здела се става внатрешноста од компирот што претходно ја извадивме и се пасира заедно со ренданиот кашкавал, павлаката, млекото и печеницата сецкана на коцкички. Зачинуваме. На крај со подготвената смеса го полниме компирот и повторно го ставаме во рерна, уште 5 мин. Вака спремениот компир се декорира со рендан морков и ситно сецкана марула.

polnet-kompir-pechenica2 Bon Appetit!


Багет со Шунка деликатес

shunka-pojadok

Време е за појадок! - Багет - Путер - Шунка деликатес Косиљак - Кашкавал - Марула - Рендан морков - Брокула - Домат

Полнети Шампињони

domashna-slanina-1

Потребно ви е: - Домашна сланина димена на буково дрво Косиљак - Свежи шампињони - Кашкавал - Домат - Зачини (кари, оригано, лук во прав и сол) Убаво ги миеме шампињоните и им ги вадиме дршките. Ја полниме срцевината со коцки кашкавал и ситно сецкана домашна сланина. Така наполнетите шампињони ги ставаме во тава со загреано маслиново масло. Ги посолуваме, ги зачинуваме со оригано, лук во прав и кари и ги поклопуваме. Потребни им се од oтприлика 10 до 15 минути (во зависност од големината) истите да се зготват во сопствениот сок и од пареата. Ви ги препорачуваме во комбинација со домат, сецкан на ситни коцки, зачинет со оригано, маслиново масло и лук во прав и лебче подгреано на тост.

domashna-slanina-2

Bon Appetit!

Полнети суви сливи

chadena-slanina-recept

Потребно ви е: - Чадена хамбуршка сланина - Суви сливи без семка - Сирење Наполнете ги сувите сливи со сирење. Замотајте ги истите со сланина и боцнете ја секоја слива поединечно со чепкалка за да не се одмота сланината. Во претходно загреана рерна ставете ги сливите да се печат се додека не зарумени сланината. За само неколку минути Вашето мезе е подготвено. Идеално во комбинација со вино, пиво...

chadena-slanina-recept2

Bon Appetit!

Свежо печен багет со Печеница

pechenica-pojadok

Време е за појадок! - Свежо печен багет - Мајонез - Кашкавал - Краставица - Домат - Печеница чадена на буково дрво Косиљак