Полнети Шампињони

domashna-slanina-1

Потребно ви е:
– Домашна сланина димена на буково дрво Косиљак
– Свежи шампињони
– Кашкавал
– Домат
– Зачини (кари, оригано, лук во прав и сол)

Убаво ги миеме шампињоните и им ги вадиме дршките. Ја полниме срцевината со коцки кашкавал и ситно сецкана домашна сланина. Така наполнетите шампињони ги ставаме во тава со загреано маслиново масло. Ги посолуваме, ги зачинуваме со оригано, лук во прав и кари и ги поклопуваме. Потребни им се од oтприлика 10 до 15 минути (во зависност од големината) истите да се зготват во сопствениот сок и од пареата. Ви ги препорачуваме во комбинација со домат, сецкан на ситни коцки, зачинет со оригано, маслиново масло и лук во прав и лебче подгреано на тост.

domashna-slanina-2

Bon Appetit!