Полнет компир

polnet-kompir-pechenica1

Потребно ви е:
– Печеница чадена на буково дрво Косиљак
– Компир х2
– Кашкавал (рендан)
– Павлака
– Млеко
– Морков и Марула (за декорација)
– Зачини (кари, лук во прав, оригано, чили)

Приготвување:
Откако компирите убаво ќе се измијат, ќе се избоцкаат со вилушка (за да не испукаат) и ќе се посипат со маслиново масло, се ставаат во претходно загреана рерна (200 °C ) и се печат 1 час и 15 мин. Испечените компири ги сечеме на половна и со лажица ја вадиме внатрешноста. Потоа, во здела се става внатрешноста од компирот што претходно ја извадивме и се пасира заедно со ренданиот кашкавал, павлаката, млекото и печеницата сецкана на коцкички. Зачинуваме. На крај со подготвената смеса го полниме компирот и повторно го ставаме во рерна, уште 5 мин. Вака спремениот компир се декорира со рендан морков и ситно сецкана марула.

polnet-kompir-pechenica2

Bon Appetit!