Ролат со спанаќ и Шунка ројал

shunka-rojal-recept1

Потребно ви е:
– Шунка Ројал Косиљак
– 7 јајца
– 300 гр. спанаќ
– 500 гр. павлака
– 200 гр. сирење
– 5 лажици брашно

Откако ќе го измиете спанаќот, обарете го, исцедете ја водата од него и исецкајте го. Исецканиот спанаќ ставете го во претходно изматената смеса од 7 јајца, 5 лажици брашно и 1 лажичка сол. Вака подготвената смеса се става да се пече во тавче подмачкано со зејтин. Испечената кора ставете ја во влажна крпа додека го подготвувате филот од павлака и сирење. Потоа премачкајте ја кората со филот и наредете ја шунката исецкана на тенки кругови. На крај вниматлено се витка ролатот.

shunka-rojal-recept2

Bon Appetit!