Салата со брокула и Домашна сланина

salata-so-brokula
Потребни состојки:
– Брокула
– Домашна сланина Косиљак (100 гр.)
– Кашкавал (100 гр.)
– Кромид (½ помала главица)
– Сол
– Бибер
Потребни состојки за дресингот:
– Мајонез (4 мали лажички)
– Балсамико (1 мала лажичка)
– Мед (1 мала лажичка)

Измијте ја брокулата, обарете ја и исецкајте ја на парчиња. Изрендајте го кашкавалот, исецкајте го кромидот на ситно и измешајте го заедно со брокулата. Во одделен сад измешајте ги состојките за дресингот (4 мали лажички мајонез, 1 мала лажичка балсамико и 1 мала лажичка мед). Потоа прелијте ја брокулата, ренданиот кашкавал и кромидот со дресингот и зачинете со сол и бибер. Одзгора наредете ја претходно испржената домашна сланина. Вкусната салата е готова! Можете да ја сервирате со печени компири во рерна, зачинети со разни зачини.

salata-so-brokula1

Добар апетит!