Пилешко со црвен сос

slanina-recept1

Потребно ви е:
– Домашна сланина Косиљак
– Пилешки стек 1 кг.
– Моркови 1/2 кг.
– Пиперки х2
– Кромид х1
– Кашкавал 100 гр.
– Доматен сос
– Сенф

Исецкајте го стекот на коцки, посолете го со вегета и ставете го да се пржи додека не зарумени. Додајде ја домашната сланина исецкана на ситни коцкички да се пржи заедно со стекот. Потоа додадете малку вода за да се издинста месото. На крај се ставаат тенки парчиња кашкавал, да се растопат врз месото и да биде уште посочно. За сосот, најпрвин се пржи исецканиот кромид, потоа се додава исецканата пиперка, па изренданиот морков, малку сенф и доматен сос. Откако сосот е готов, на крај се додава кашкавалот за да ја соедини смесата. Како прилог можете да направите пире.

slanina-recept2